Десет романи во конкуренција за наградата „РОМАН НА ГОДИНАТА“ 2019 година

Сподели

 

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2019 година, во состав: Николина Андова Шопова (минатогодишна лауреатка и претседателка на Комисијата), Милован Стефановски (писател), Весна Мојсова Чепишевска (професорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“), Славе Ѓорѓо Димовски (писател) и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“), во втората селекција одбра десет романи што останаа во конкуренција за оваа престижна награда.

 

 

На годинашниот конкурс пристигнаа дури 38 романи. Жири-комисијата во првата селекција одбра 20 наслови, а сега списокот го стесни на десет романи. Според најавите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција, во петок, на 13 март.

Наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, годинава ќе се врачи по 21 пат. Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои во паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.

Втора селекција на романите за наградата „Роман на годината“ за 2019 година:

1.„Молчи со отворена уста“, Снежана Младеновска Анѓелков, „Или -Или“

2. „Правта на библиотеките“, Митко Маџунков, „Три“

3. „Мрежата на Мамли“, Блаже Миневски, „Матица македонска“

4. „Пагански времиња“, Драги Михајловски, „Просветно дело“

5. „Песот со тажен поглед“, Оливера Николова, „Матица македонска“

6. „Последните денови на Ханс“, Михајло Свидерски, „Или -Или“

7. „Години од слама“, Братислав Ташковски, „Панили“

8. „Аб’т“, Оливера Ќорвезироска, „Или -Или“

9.„Ура, Арал!“, Тања Урошевиќ, „Темплум“

10. „Приказни за госпоѓица Сит“, Билјана С.Црвенковска, „Чудна шума“