„Вечери на женски права“ во МКЦ, Кинотека и Универзитетот ЕФТА

Сподели

 

Единаесетото издание на Вечерите на женски права ќе се одржи од 6 до 12 март 2020 во МКЦ, Кинотеката и Универзитетот ЕФТА. Вечери на женски права (ВЖП) е настан што традиционално се организира од 2010 година и нуди алтернатива за прославување на Меѓународниот ден на жената – 8 Март.

Овогодишното издание на Вечерите за женски права е организирано од страна на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА Скопје, со поддршка на Град Скопје и UN Women канцеларијата во Скопје, а во соработка со Институтот за Родови Студии – Филозофски Факултет Скопје.

На програмата се изложби, проекции, работилници и дебати.

Целосна програма:https://www.womensrightsnights.net/program-2020.html…