Министерството за надворешни работи, врз основа на официјалните мерки и препораки, упатува апел до сите државјани на Република Северна Македонија кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во Северна Македонија во овој период.
Министерството за надворешни работи продолжува будно да ја следи состојбата со COVID-19 во и вон земјата преку дипломатско конзуларните претставништва и останува во постојана комуникација и координација со останатите релевантни институции во државата.
Министерството за надворешни работи повторно апелира во целост да се почитуваат и следат официјалните владини мерки и препораки.
Листа на владините мерки и препораки можете да најдете тука
Листа на земји од висок, среден и низок ризик можете да најдете тука