Главниот координативен кризен штаб ја одржа првата седница

Сподели

 

Главниот координативен кризен штаб, со кој претседаваше претседателот на Владата Оливер Спасовски, на кој присуствуваа заменичката претседателка во Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, заменичката претседателка во владата задолжена за економските ресори Мила Царовска, заменик претседателот во Владата и министер за политички систем и односи со заедниците Садула Дураки, заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, министерот за здравство д-р Венко Филипче, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерката за финансии Нина Ангеловска, министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерката за правда Рената Дескоска, директорот на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски.

 

 

На состанокот на Главниот координативен кризен штаб беа презентирани најновите информации од Комисијата за заразни болести, како и информациите од Центарот за управување со кризи и од Дирекцијата за заштита и спасување кои доаѓаат од целата територија на државата, и посебно од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, со цел целосната координација на предлозите и мерките што ќе одат како препораки до Владата на РС Македонија, која на вечерашната седница ќе одлучува по нив.