Македонскиот полициски синдикат им се заблагодрува на вработените во МВР, кои рамо до рамо со медицинските лица, армијата, центрите за справување со кризи и сите други стручни лица, несебично вложуваат натчовечки напори да ја одржат ситуацијата со ширењето на заразата со корона вирусот под контрола.
Почтувани колеги, уште еднаш покажувате на дело како се сака татковината и како се почитува униформата што ја носите. Исправени гордо пред предизвикот на браникот на нашата држава ја манифестирате Вашата човечност и саможртва кои ќе останат пример за идните генерации- пример за тоа како се сака и почитува својата татковина.
Во време на бројни предизвици со кои секојдневно се соочувате, во минатото но и денес Вие многу пати сте помогнале да се избегнат човечки жртви и лични или семејни трагедии.
Затоа бидете горди што токму во вас ПОЛИЦАЈЦИТЕ,граѓаните во овие тешки моменти гледаат на институција на која може да се потпрат, служба која деноноќно е гарант на нивната безбедност.
На крајот искрено се надеваме дека Владата на Република Северна Македонија,ќе знае да го вреднува трудот и саможртвата која ја прават вработените во МВР за што очекуваме во најскоро време Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат и Министерството за внатрешни работи да го потпишат меморандумот со кој ќе започне реализацијата на усогласувањето на платите на лицата со посебни должности и овластувања во МВР со активно зголемување на истите од најмалку 10% – соопштуваат од Македонскиот полициски синдикат.