Пендаровски: Во моментов нема потреба од прогласување вонредна состојба на целата територија

Сподели

 

Во Кабинетот на Претседателот се одржa седница на Советот за безбедност на РС Македонија на која покрај постојаните членови на Советот, присуствуваа и министерот за здравство, Венко Филипче и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

 

Едногласен заклучок на сите членови на Советот е дека посебно признание треба да им се оддаде на граѓаните на општините Дебар и Центар Жупа, каде што е прогласена кризна состојба, кои максимално доследно, коректно, без остаток, ги применуваат сите препораки, сите мерки кои се на сила во тие две општини поради прогласената кризна состојба. Постои максимална и целосна мобилизација на целокупниот здравствен кадар.

Советот за безбедност, рече претседателот Стево Пендаровски, проценил дека во моментов нема потреба да се прогласува вонредна или кризна состојба на целата територија на државата, заради справување со коронавирусот.

„Заклучокот на Советот за безбедност во однос на целокупната ситуација и во однос на она што министерот за здравство го изнесе како можна проценка за евентуално ширење на болеста понатаму на наша  територија, е дека поставеноста на државата во овој момент е соодветна, адекватна на ризиците на коишто сме изложени, за што впрочем зборуваат проценките, оценките и коментарите на Светската здравствена организација, кои до ден денешен тврдат дека ние сме сигурно државата во целиот поширок регион која најдобро, најдоследно ги имплементира мерките кои се наложени од Светската здравствена организација.