Владата информира дека, заради заштита на медиумските работници од денеска прес-конференциите ќе се одржуваат само преку онлајн стрим, без присуство на сниматели и новинари.
Прашањата за прес конференциите во текот на денот може да ги испратите на portparol@vlada.gov.mk и на мејл адресата на портпаролот/лицето за односи со јавност на ресорното министерство, со нагласување на медиумот од кој доаѓа прашањето и назнака за која прес-конференција односно за кој министер/министерка (претставник на институција) се однесуваат.
Прашањата треба да пристигнат најдоцна 15 минути пред почетокот на закажаната прес-конференција.
Пример:
To:portparol@vlada.gov.mk; so
Subject: (од МИА) Прашање за прес конференција на МЗШВ Димковски 11:30
Body: Прашањето на медиумот
Потпис: Име и презиме, медиум