Филипче: Бројот на заболени од коронавирусот се зголеми на 70 лица

Сподели

 

Бројот на заболени од КОВИД 19 се зголеми на 70 лица. Од утрово е влошена ситуацијата на единствената пациентка што е на респираторна машина. Сите останати пациенти се во добра состојба, а некои од нив одбираат да ја поминат болеста дома, за што лекарите имаат направено посебен алгоритам – изјави на денешната прес конференција Министерот за Здравство Венко Филипче.

“Очекувавме бројот да расте. До сега се направени 888 тестирања, а уште 1.400 се на располагање од кои 300 можат да се употребат во секој момент. Во Скопје ќе профункционираат  уште два пункта за пријавување и земање брис за тестирање од Ковид-19, тоа се поликлиниките во „Јане Сандански“ и „Чаир“ а ќе се закажува преку бројот за “Мој термин“.

„Имаме проблеми со набавката на респираторни машини од Бразил и се надеваме дека ќе ги надминеме, а потврдена е донацијата од 200 респираторни машини од Кина. Тоа значи дека располагаме со доволен број“, рече Филипче и уште еднаш ја нагласи потребата од заострување на мерките за кои повеќе ќе се дискутира на попладневната владина седница.

“Самоизолацијата е спасот во оваа битка“, изјави министерот Филипче.