“На денешната седница на Владата ја разгледавме и информацијата на Министерството за надворешни работи за бројот на наши државјани оваа ситуација ги затекна во други држави. За да им се обезбеди можност да се вратат во земјата, ќе се подготви посебен план за хуманитарни летови, а нивна законска обврска ќе биде кога ќе се вратат да прифатат дека ќе мора да поминат соодветен број денови во карантински услови за нивна и за безбедност на сите останати граѓани” – објави на својот официјален фб профил, премиерот Оливер Спасовски.