Филхармонија од денеска ќе почне да емитува дел од своите симфониски концерти на социјалните мрежи, кои можат да се најдат и на Јутјуб каналот, некои од нив реализирани во соработка со Македонската радио-телевизија.
Поради состојбата во која што се наоѓа и нашата земја, и поради неможноста да се изведе концертната програма во живо, нудиме алтернативна, и се надеваме убава варијанта за сите оние кои сакаат да уживаат во класичната музика и во изведбите на нашите филхармоничари и секако, гостите – диригенти и солисти.
Почнуваме со извонредниот концерт „Моќта на Заратустра“ и едно од најмоќните дела во класиката – „Така зборуваше Заратустра“ на Рихард Штраус, под водство на врвниот маестро Антони Вит!
Ние веруваме дека МУЗИКАТА МОЖЕ ДА ГО СПАСИ СВЕТОТ