“Пред нас стои предизвик кога низ нашата земја се спроведуваат препораки и мерки за заштита од корона вирусот, (COVID-19) каде самоизолацијата е најважна.
Со цел времето биде користено на соодветен начин- продуктивно, едукативно и креативно, Здружението на граѓани Еко Логик, преку “Вело Училишта“ започна со потикнување на родителите, децата, наставниците и едукаторите да се вклучат во спроведување на неформални активности кои може да служат како надополнување на тековната училишна програма: вело активности, еко активности, останати активности, како и активности за деца со посебни потреби.
Преку користење на онлајн алатка, (односно google drive), заинтересираните страни ќе имаат можност да ги имплементираат предлог активностите/ вежбите кои се прилагодени за домашни услови. Но истовремено, сакаме да ги потикнеме и мотивираме сите наставници, едукатори и родители во давање на свој допринос и збогатување на содржината на самата платформа преку додавање на свои едукативни активности во повеќе области. Повеќе информации:
https://drive.google.com/drive/folders/10_5jUe_0SYbcEnXBEeQKaP0cprVtewsU?usp=sharing
Дополнително, како дел од редовните активности на Еко логик и Вело Училишта, ќе се креираат и објавуваат кративни предизвици за деца, но и за цели семејства. Во моментов отворен е предизвик за џебна сликовница со наслов: „Пренесете ја вашата визија и имагинација, време е за нова креација!“.
Целта на овој предизивик е да го стимулираме детското ликовно и литературно творештво, преку изразување на личниот талент и споделување на идеите, размислувањата за здрава животна средина во иднина. Повеќе инфо за оваа активност на следниот линк:
https://drive.google.com/open?id=1fnTCA7ITXhORCLTpqKPP8fNvbtQMboHL
Oчекуваме дека на овој начин ќе успееме да го разубавиме овој необичен период во кој се најдовме сите, целиот Свет. Се надеваме дека најмалите ќе бидат мотивирани да создаваат креативни дела, развивајќи ги нивните постоечки вештини, да се едуцираат на темите животна средина и велосипедизам, преку различни активности, но и да применат едукативни игри и активности во домашни услови со своите родители.
***
Инфо за Здружение на граѓани Еко Логик
ЕКО – ЛОГИК е непрофитна организација која е посветена на заштита и зачувување на животната средина, промоција на современи еколошки практики, како и следење и промовирање на принципот на одржлив развој. Нашата организација ги охрабрува и поддржува позитивните промени во животната средина во форма на:Промоција на екологијата како наука;Промоција на концептот за почисто производство; Надградба на еколошкото образование; Промоција на принципот за одржлив развој; Создавање нови „зелени“ работни места; Можност за обука и вклучување на сите заинтересирани граѓани во проекти од областа на екологијата, заштитата и управувањето со животната средина итн.
Инфо за проектот: Вело Училишта
Проектот ,,Вело Училишта“ креиран од страна на ,,Еко Логик“ има за цел да го зголеми и унапреди знаењето за темите велосипедизам, одржлив транспорт и безбедност во сообраќајот кај децата, родителите, наставниците и пошироката јавност.
Цели на проектот:
Формирање на првата мрежа на основни училишта во Република Северна Македонија кои посветено работат на темата велосипедизам; Зголемување и унапредување на знаењето меѓу децата, нивните родители, наставници и поширока јавност за темите: велосипедизам, одржлив транспорт, аерозагадување и климатски промени, безбедност во сообраќај; Воведување на нови и креативни начини на учење поврзано со горенаведените теми итн.
https://www.facebook.com/veloschools/
За дополнителни прашања, Весна Павлова, проектен асистент, 076/577-070