По повод 7. април – Денот на здравјето, Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ јавно да им се обрати на сите здравствени работници во републиката.
“Во овие несекојдневни моменти кога хуманоста, несебичноста и пожртвуваноста на медицинскиот персонал е на највисоко ниво сакаме да изразиме огромна благодарност до персоналот на Инфективната клиника во Скопје, Одделите за инфективни болести во Куманово, Дебар… ЈЗУ ГОБ 8ми Септември – Скопје и секаде каде медицинските сестри се во првите борбени редови против корона вирусот.
Од име на Унијата и здружението „За нас“ сакаме да упатиме поддршка и помош секаде каде што е потребна, на начин на којшто сите вие може да не посоветувате. Ве замолуваме да не исконтактирате за се она за кое сметате дека можеме да помогнеме.