„ТАНЕЦ“ СРЕДСТВАТА ОД ПРОДАДЕНИТЕ БИЛЕТИ ОД ДВА СВОИ КОНЦЕРТИ ОД НОВАТА КОНЦЕРТНА СЕЗОНА ЌЕ ГИ НАМЕНИ ЗА НАЈПОГОДЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА ВО ПАНДЕМИЈАТА ОД КОРОНАВИРУСОТ
Велигденските празници вообичаено го навестуваат и почетокот на новата концертна сезона на „Танец“ и тоа токму со популарниот Велигденски концерт. Оваа година, заради новонастанатата состојба со пандемијата, тие, како и сите други институции од областа на културата, ќе мораат да ги пролонгираат сите концертни настапи, сѐ до конечното справување на државата со Корона вирусот. Сѐ уште не може да се предвиди точниот датум, но „Танец“ како познат колектив со долга хуманитарна историја, со сигурност знае дека дел од своите активности ќе ги насочи во помош на најпогодените.
Имено, во програмата на НУ „Танец“ за 2020 година, веќе одобрена од Министерството за култура, стои дека е предвиден еден голем хуманитарен концерт, за кој почнаа и преговорите кои се можните приматели на средствата, но директорот Мартин Вучиќ со целото раководство на НУ „Танец“ овие денови немаа дилеми дека оваа планирана донација од приближно 300.000 денари, ќе ја удвојат, со тоа што ќе посветат уште еден од своите големи концерти (во Националната опера и балет), а вкупната сума од приближно 600.000 денари ќе ја адресираат на најпогодените семејства од пандемијата – се наведува во соопштението на “ТАНЕЦ”.