ДОМ: Комунална хигиена да го собира сметот и за време на полициски час

Сподели

 

Зелената партија ДОМ бара на ЈП Комунална хигиена да и се овозможи собирање на сметот во градот Скопје и за време на полициски час, за да се обезбеди редовно одржување на јавната хигиена.

Денес, на социјалните мрежи се објавија слики од преполни контејнери и смет одложен надвор од контејнерите. Ваква состојба е недозволива, особено во услови кога се соочуваме со заканa по колективното здравје, поради корона пандемијата. Одржувањето на личната, но и јавната хигиена се важен фактор во заштитата на здравјето.