Запленети околу 2,2 килограми хероин во Арачиново и околу 2.000 таблети екстази

Сподели

 

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност- СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по претходно издадена судска наредба,  извршија претрес во куќа во која престојува Д.Д. (30) при што се пронајдени  33 полиетиленски кеси во кои имало хероин и две дигитални ваги.

Според првичната проценка запленети се околу 2,2 килограми хероин, но точната количина ќе биде позната по извршената анализа и мерење, по што ќе биде поднесена и соодветна пријава до јавното обвинителство. Во друг случа во село Трубарево-скопско, полициски службеници забележале возило „пасат“ со скопски регистерски таблици и две лица, кои влегле во возилото и се дале во бегство кон рампа Хиподром, при што удриле во вагон од воз кој сообраќал по железничката пруга. Лицето кое било на совозачкото место се дало во бегство, а возачот додека излегувал од возилото фрлил една кеса и едно пакување со 112 таблети екстази, една кеса со 1000 таблети екстази и една кеса со 750 таблети екстази, 80 грама амфетамин и пет грама сива кристална материја. По извршеното легитимирање, констатирано е дека лицето е Х.М. (43) од Скопје, а по извршен преглед на возилото пронајдени и 800 грама марихуана и една дигитална вага. По документирање на  случајотќе биде поднесена соодветна пријава – се наведува во соопштението на МВР.