На вашата кожа ѝ е потребна посебна нега за да изгледа младолико и свежо. Сепак, многумина препорачуваат да се избегнуваат различните хемиски препарати, бидејќи во природата можат да се најдат сите состојки кои ви се потребни за убавина на лицето!
Денес, ви претставуваме рецепт за природен фејслифтинг направен од пиво и лимони. Начинот на подготовка и употреба е следниот:
· Помешајте две лажици ладно светло пиво и сок од половина лимон.
· Испрскајте го лицето со оваа мешавина и оставете да делува 5 минути.
· Потоа исплакнете го со ладна вода
Ова е идеален рецепт за набрзина да ги отстраните трагите на замор и да ја затегнете кожата на лицето.