ДОМ: Одговорност за масовниот верски собир во Струга!

Сподели

 

Зелената партија ДОМ бара од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство да спроведат итна истрага за денешниот масовен верски собир во Струга. Во време кога на територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба и пропишани се посебни ограничувања и мерки за заштита од КОВИД-19 вирусот недозволиво е групирање по било кој основ.

По објавените фотографии на социјалните медиуми од масовниот собир, ДОМ бара Министерството за внатрешни работи да одговори зошто полициските службеници не реагирале за прекршувањето на мерките?

Зелената партија ДОМ апелира до сите граѓани да се придржуваат до мерките со цел побрзо надминување на корона кризата и зачувување на јавното здравје – стои во соопштението на ДОМ.