Северна Македонија ќе претрпи пад на БДП за 3,5% во 2020 година како последица од пандемијата на коронавирусот, наведува Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во последното економско предвидување објавено во денешниот извештај. Банката очекува дека земјата ќе бележи раст од 5,5% во 2021 година.
Според последното издание на извештајот ЕБОР Регионална економска иднина, ранливоста на Северна Македонија од епидемијата е средна и е под претпоставка за привремено влијание од истата.
Во 2020 година економиите во регионите каде ЕБОР има свои канцеларии, можно е во просек да опаднат за 3,5%. Во 2021 година се очекува општ раст од 4,8% наведува извештајот, предупредувајќи дека проекциите се предмет на ,,несигурност без преседан“.
Главниот економист на ЕБОР, Беата Јаворчик изјави дека светот излегува од кризата, но неопходно е да се гледа кон идна соработка и поголема економска издржливост.
,,Кризата беше голем удар и излегувањето од неа ќе биде предизвик. Ова не е време за економски национализам и протекционизам, туку време за креирање на подобра иднина преку меѓународна посветеност на слободна трговија, климатски промени и економска соработка”, истакна таа.
Извештајот предвидува скромно влијание на кризата врз долгорочната траекторија на економските резултати, со раст од крај на третиот квартал, но со потенцијално значајни долгорочни економски, политички и социјални ефекти.
,, Доколку социјалната оддалеченост продолжи подолго од планираното, рецесијата може да се продлабочи, со нивото на излезни показатели по глава на жител од 2019 година, кои не би можеле да се постигнат во наредните години“, стои во извештајот.
Во регионите каде што ЕБОР има канцеларии, мерките на ограничување на движење влијаеа врз побарувачката и снабдувањето. Надворешните шокови беа видливи во вид на остар пад врз цените на продуктите, превејќи потешкотии на извозниците на овие стоки, пореметување на глобалните ланци на вредност, пад на туризмот и пад на дознаките.
ЕБОР инвестира во економиите во раст во земји од Централна до Источна Европа, преку Централна Азија и Блискиот Исток и Северна Африка. Скоро сите земји каде ЕБОР има канцеларии, веројатно ќе имаат економски контракции, со само мал број на исклучоци кај Туркменистан и Узбекистан во Централна Азија и Египет.