Четиридневен полициски час во Турција за време на Рамазан Бајрам

Сподели

 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека ќе биде на сила нов четиридневен полициски час во целата земја за време на муслиманскиот празник на Рамазан Бајрам поради пандемијата на коронавирусот. По владината седница, Ердоган рече дека се надева оти нема да се потребни строги ограничувања по тој полициски час, од 23 до 26 мај. Наместо целосна забрана за движење, Турција се одлучи за полициски час за време на викендите и празниците, плашејќи се од негативни последици за економијата.

Според официјалните податоци, во изминатите 24 часа во Турција се регистрирани уште 1.158 инфекции, при што триесетина лица починале, што е најниската дневна бројка на смртни случаи од крајот на март во земјата. Коронавирусната инфекција е потврдена во Турција во повеќе од 150.000 луѓе, од кои 4.171 починале.

РСЕ