Владата денеска треба да донесе одлука за тоа дали ќе има полициски час за време на продолжениот празничен викенд и колку ќе трае.
Препораката на Комисијата за заразни болести препорача полицискиот час да започне утре (сабота) во 19 часот и да трае до вторник до 5 часот.
На предлогот од Комисијата за заразни болести, се спротивставија ИВЗ и ВМРО-ДПМНЕ.
Според министерот за здравство, Венко Филипче оваа Предлог- мерка е заради зголемениот број на новозаболени од коронавирусот и непочитување на мерките за превенција при масовни собирања.