Десетдневна жалост во Шпанија за жртвите од коронавирусот

Сподели

 

Во Шпанија денеска почнува десетдневна жалост за жртвите од коронавирусот. Тоа ќе биде најдолг период на жалост во последните 40 години.

За време на деновите на жалост знамињата на повеќе од 14.000 институции и пловни објекти ќе бидат на половина копје.

Портпаролката на шпанската влада, Марија Хесус Монтеро изјави дека над 80 проценти од починатите се лица постари од 70 години, „тие кои помогнаа да се изгради денешната земја“.

-Тие засекогаш ќе останат во нашето сеќавање – посочи Монтеро.

Шпанскиот крал Филипе Шести ќе ја предводи церемонијата на сеќавање откако земјата ќе излезе од карантин, што е воведен пред 2,5 месеци. Во Шпанија од последици од новиот коронавирус починаа 27.119 луѓе.