МВР: 585 прекршоци за не носење лична заштита на лице

Сподели

 

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, на 186 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 585 прекршоци – соопштуваат од МВР.