Копа Америка: По изведување на пеналите Чиле повторно го освои купот

Сподели

Веќе втора година по ред Чиле ја победи Аргентина, повторно по изведување на пенали

thumbs_b_c_8b7c08a3d378461128a4822a361c46b4

ЊУЈОРК (АА) – Фудбалската репрезентација на Чиле ја одбрани титулата на Копа Америка, која оваа година се одигра во Соединетите Американски Држави (САД). Веќе втора година по ред ја победи Аргентина, повторно по изведување на пенали со резултат од 4:2 (0:0 во регуларниот тек).

Финалето на овогодинешниот натпревар, кој по повод 100-годишнината беше проширено и во него се натпреваруваа и членките на CONCACAF, започна во доминација на Аргентина.

Најдобра можност за водство имаа Аргентинците во 22 минута, кога добрата шанса ја пропушти Гонзало Игуаин, кој остана сам со голманот Карлос Браво. По овој неуспех веднаш беше заменет, а во игра влезе Кун Агуеро.

Единствената добра можност Чиле ја постигна во продолжението кога Едуардо Варгас шутираше со глава, но Серхио Ромеро го одбрани неговиот удар.

Во текот на изведување на пеналите, двата тима ја пропуштија првата серија. Аргентинскиот голман го одбрани првиот удар на Видал од белата точка. Потоа топката ја зеде Лионел Меси, навивачите беа подготвени да го прослават голот, но еден од најдобрите фудбалери на сите времиња шутот го изведе лошо и топката заврши над голот.

Чиле повеќе не промаши ниту еднаш, но Клаудио Браво успеа да го одбрани обидот на Лукас Билија и новата прослава можеше да почне.

Ова е втора титула на Чиле на Копа Америка во последните две години на која претходно чекаше 43 години. Аргентина, пак, титулата ја чека 24 години и никако да се изедначи со Уругвај, кој ја освојуваше титулата 15 пати.