Македонскиот Полициски синдикат како ЕДИНСТВЕН РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН СИНДИКАТ кој има кредибилитет, стручност, искуство и целосно ПРАВО да ги застапува интересите на свиоте членови вработени во Министерството за Внатрешни Работи, Агенција за Разузнавање, Агенција за Национална Безбедност и Управа за Финансова Полиција е синдикат во кој членуваат повеќе од 8.500 членови и истиот пред една недела одбележа 29 години од своето постоење. На меѓународно ниво Македонскиот Полициски Синдикат е рамноправен член на ЦЕСП – Совет на Европски Полициски синдикати во кој членуваат повеќе од 400.000 илјади полициски службеници од цела Европска унија и пошироко.
Со овој наш прес сакаме да ја известиме целокупната јавност за актуелната состојба со синдикализмот во МВР и за состојбата во која ние како Македонскиот полициски синдикат се наоѓаме во изминативе неколку месеци.
Имено како што веќе знаете преку нашите бројни соопштенија кон јавноста пласирани токму преку Вас медиумите, за што јавно Ви се заблагодаруваме за дадената поддршка, Македонскиот полициски синдикат имаше и има засилени мерки и активности во насока на заштита на полициските службеници на терен кои се секојдневно дирекно изложени на опасност од зараза со Корона вирусот. Секојдневно нашите синдикални преставници се на терен и вршат распределба на заштитни визири, заштитни маски, како и останатата заштитна опрема и средства за дезинфекција, која им е нужна на колегите кои се најдирекно изложени со опасност од зараза со Covid19, а се од причина што МВР не беше во состојба да го стори истото.
Поделивме над 10 илјади заштитни маски за повеќекратна употреба, околку 4 илјади заштитни визири, околу 30 тона средство за дезинфекција, над 1000 џебни гелови за дезинфекција и над 10.000 заштитни ракавици и колегите на терен многу добро знаат кој синдикат е заедно со нив уште од првиот ден од прогласувањето на пандемијата, кој синдикат застана зад нив, ги заштити и им овозможи непречено и безбедно да работат и да ги извршуваат своите задачи во услови на пандемија во услови кога тие се најповикани да застанат на браникот на државата.
Исто така знаете дека раководството на Македонскиот полициски синдикат во периодот кој што измина на повеќе наврати од министерот Чулев бараше на сите вработени во Министерството за внатрешни работи поради посебен допринес во борбата со Covid 19, да им се исплати награда во висина од најмалку една просечна плата. Министерството не го прифати нашето барање при што нелогично за нас самостојно излезе со барање до Владата на Република Северна Македонија за донесување на Уредба со законска сила според која на секој вработен во Министерството за внатрешни работи да му се исплати награда во висина од 15.000,оо денари што за нас како единствен репрезентативен синдикат на полицијата сумата од 15.000,оо денари е потценувачка и омаловажувачка поради што од министерот бараме под итно да изнајде начин и парични средства и на сите вработени во МВР да им се исплати парична награда во висина од најмалку 25.000,оо денари.
Изминативе месеци поминавме тежок и напорен период во кој се поставивме единствено во интерес на граѓаните и државата, онака како што доликува на припадници на Министерството за внатрешни работи.
Свесни сте дека во овој период на техничка Влада се соочивме со многу невообичаени и несекојдневни ситуации. Добро се сеќаваме на кризните ситуации кои за малку што не ескалираа а беа предизвикани од инсистирањето по секоја цена да се направат кадровски промени во министерството. Со наша помош и залагање ова се реши но како награда за нашето залагање на последната средба што ја имавме кај министерот во неговиот кабинет некаде во месец Март добивме директна закана „ Доколку не прекинете да го напаѓате министерот и неговиот тим ќе ви формираме трет синдикат и нема да броете 8.500 туку ќе ве направеме на 4000 членови и за кратко време скрос ќе ве снема од синдикалната сцена“.
Но, тензиите не стивнаа и понатаму. Се направија кадровски промени на сите комисии во МВР и БЈБ и тоа повторни без дијалог. Советници кои не припаѓаат на Бирото за јавна безбедност и се дел од политичките кабинети се појавуваа во организациски единици за кои не се надлежни и сееја страв и закани кон вработените и сето тоа создава збунетост кај нашите колеги. На сетоа ова ние како Македонски полициски синдикат реагиравме и баравме прием кај Министерот Чулев но истиот не игнорираше и наместо прием се соочувавме со бројни индиректни закани кон нас и кон нашите преставници широм републиката.
За жал, заканата што ја добивме во кабинетот на министерот Чулев истите започнаа да ја исполнуваат со регистрирање на нов синдикат на 29.04.2020 година во Министрството за труд и социјала и упис на истиот на 13.05.2020 година во Централен регистар да на 02.06.2020 година со договор спротивен на законските прописи во Република Северна Македонија и Колективниот договор на МВР ја крунисат соработката со истиот.
Токму од овде ја повикуваме Владата на Република Северна Македонија да го поништи штетниот и противзаконски договорот што го потпиша министерот Чулев со новоформираниот синдикат бидејќи е спротивен на член 46 од Законот за Влада и Колективниот договор на МВР.
Од наша страна со писмена реакција се известени сите релевантни институции во ЕУ и Република Северна Македонија.
Токму од овие причини сметавме дека треба да се извести целокупната јавност за случувањата во синдикализмот во МВР – се наведува во денешното соопштение на полицискиот синдикат.