ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение порача дека кривична одговорност за загубените животи од коронавирусот мора да има.
“Заев и Филипче го уништуваат здравствениот систем поради политички интереси. Вчера го достигнавме најцрниот врв на епидемијата на коронавирусот со 196 нови заболени и 8 починати, а СДСМ и Заев се уште зборуваат за брзи избори.
Загрижува фактот дека бројот на заразен медицински персонал секојдневно се зголемува само поради негрижата на министерот Филипче да обезбеди соодветни услови за работа во болниците кои имаат постојан недостиг на медицински материјал и опрема за заштита.
Додека во сите околни држави веќе се враќа состојбата во нормала, кај нас бројот на новозаболени постојано се зголемува.
Економијата е во слободен пад. Малите бизниси се заборавени од државата и не може да опстанат, а помош од државниот буџет добиваат фирми блиски на кланот Заеви и на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев.
Зоран Заев и СДСМ се подготвени да го уништи целиот здравствен и економскиот систем само за да истераат свои теснопартиски интересни за брзи избори со пуста надеж да изгубат со што е можно помала разлика.
Не смее да се дозволи Заев и СДСМ да си играат со животите на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија.
ВМРО-ДПМНЕ има два јасни услови за одржување на избори а тоа се: јасни протоколи за заштита на граѓаните и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР да биде присутна и да воспостави мисија во Република Македонија со која што ќе ги оценува понатаму изборите и избирачкиот процес.
ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати избори за време на пикот на епидемијата која никако не стивнува во кои ќе се ризикува здравјето на сите граѓани на Република Македонија.
Не може да му се дозволи на Заев и СДСМ да си играат со животите на луѓето“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.