На објавата на пресудата за случајот „Рекет” денеска во големата сала на Врховниот суд во Скопје присуствува само првообвинетиот Бојан Јовановски, додека второобвинетата Катица Јанева не дојде во судот и одлуката ќе ја слушне во домашен притвор.
Судијката од Основниот кривичен суд Васка Николовска-Масевска ја соопшти пресудата во присуство на Јовановски, кој беше спроведен од притвор, од затворот во Шутка.
Во описот на обвинителниот акт покренат од Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, се вели дека обвинетиот Бојан Јовановски, влијаел врз обвинетата Катица Јанева, за таа да донесе поблаги мерки против Јордан Камчев, обвинет во предметот „Империја”, случај кој го почна поранешното Специјално јавно обвинителство.
(фото МИА)