На 26 јуни повторно сме дел од кампањата Support. Don’t Punish., а со тоа го имаме вториот онлајн разговор кој ќе започне на Фејсбук страната на ХОПС во 19 часот, каде во коментари ќе можете да ги поставувате вашите прашања.
Зошто е потребно да постојат програмите за намалување на штети од употреба на дроги. Колку животи спасуваат овие програми? Дали Владата и некои од општините ќе останат на определбата за нивно финансирање? Дали иницијативата на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје за зголемено финансирање на овие програми преку средствата кои министерството за здравство ги добива од акцизите за алкохол, пиво и цигари ќе добие поддршка од министерството?
Ова се само дел од прашањата на кои ќе ги дискутираат Венко Филипче Mинистер за здравство во Владата на Република Северна Македонија, Елеонора Панчевска Николовска, раководител на Одделението за социјална, детска и здравствена заштита при Секторот за јавни дејности на Град Скопје, Влатко Деков, менаџер за застапување во Healthy Options Project Skopje, Владимир Микиќ од Институт за јавно здравје и одговорен за мониторинг на Програмите за намалување на штети и модератор Natasa Boskova правничка и адвокатка.
Онлајн разговорот е реализиран во рамките на Проектот: „Пристап до правда за најмаргинализираните“, кој го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија Healthy Options Project Skopje и Здружение за правна едукација и транспарентност – Станица ПЕТ, финансиски поддржан од Европската Унија.
Содржините на онлајн разговорот се единствена одговорност на авторот и на ниту еден начин не ги изразува гледиштата на Европската Унија.“