КОМИЧНО – ВИСЛАВА ШИМБОРСКА

Сподели

vislava

КОМИЧНО

Најнапред нашата љубов ќе помине,
после сто и двесте години,
после заедно одново ќе бидеме:

комедијантка и комедијант,
миленици на публиката,
ќе не’ одиграат в театар.

Фарсиче со куплети,
малку танц, многу смеење,
обичаи точно погодени
и аплаузи.

Ќе бидеш уверливо смешен
во сцената со љубомората,
со онаа кравата.

Мојата изгубена глава,
моите срце и круна,
глупото распрскувачко срце
и круната што паѓа.

Ќе се среќаваме,
разделуваме, смеа во салата,
седум реки, седум гори
меѓу нас измислувале.

И како да ни се малку
стварните порази и страдања
– та со зборови ќе се дотепаме.

После ќе се поклониме
и тоа ќе биде крај на фарсата.
Гледачите ќе заминат на спиење
до солзи забавени.

Убаво ќе се живее,
љубовта ќе припитоми,
дотаму што тигар од рака ќе јаде.

А ние, вечно вакви онакви,
во капчиња со ѕвончиња,
во нивното варварско ѕвонење
ќе сме задлабочени.