ДКСК ја запре постапката за избор на Ректор на УКИМ

Сподели

 

Постапката за избор на нов ректор на УКИМ е стопирана од страна на Државната комисија за спречување корупција. Ваквата одлука антикорупционерите ја донесоа на денешната седница.

“Заради целосно информирање на јавноста во врска со Одлуката на ДКСК донесена на јавната седница одржана на 17.07.2020 година, со која се запре постапувањето по предмет оформен по сопствена иницијатива, а во врска со сомневања за прекршување на член 8-а став (1) алинеја 3 од Изборниот законик и член 34 став 1 алинеја 3 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, за спроведената постапка за избор на Ректор на Универзитетот „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ СКОПЈЕ, ДКСК го дава следното објаснување:
Постапката по овој предмет е запрена поради ограничените рокови утврдени во членот 33, по кој истата беше поведена. Постапувањето во врска со наведените сомневања ќе продолжи како редовна постапка” – се наведува во соопштението на ДКСК.