Филипче на средба со Мирсад пациент со хемофилија кој ја прима новата иновативна биолошка терапија

Сподели

 

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фб профил објави дека денеска се сретнал со Мирсад кој е студент на медицина и еден од десетте пациенти со хемофилија.

“Денеска, на мое задоволство се видов со Мирсад, студент на медицина и еден од десетте пациенти со хемофилија кој од почетокот на 2020 година ја прима новата иновативна биолошка терапија во домашни услови. Користејќи ја оваа терапија (emicuzumab) Мирсад функционира комплетно независно бидејќи самиот ја администрира, а болните и чести венепункции за него се веќе минато.
Мирсад е задоволен, откако ја прима новата терапија значително му е подобрен квалитетот на животот и секојдневното функционирање.

Терапијата ја воведовме во најкритичниот период во здравството, а Клиниката за хематологија, во соработка со Министерството за здравство, направи мобилен тим кој ги посети пациентите низ земјава и ги едуцираше како сами да ја администрираат терапијата.

Оваа терапија е значајна бидејќи на тој начин се избегнуваат трајните оштетувања на зглобовите, предзивикани од честите крварења, кои за жал, понекогаш водат кон траен инвалидитет” – напиша министерот Филипче.