“Денешниот ден, 26 јули од 1963 година, е запишан како еден најтешките и најтажните денови во историјата на нашиот главен град. На овој ден, пред 57 години, разорниот земјотрес ги зеде животите на над 1000 наши сограѓани и го остави зад себе Скопје во урнатини.
Светот тогаш се обедини околу идејата за обнова на градот и со тоа Скопје во глобални размери стана многу повеќе од административен центар или место за живеење. Скопје стана град на солидарноста и со тоа симбол на една од темелните човечки вредности.
Токму овој принцип на солидарност и во оваа здравствено-економска предизвикана од КОВИД-19 останува да ни биде водилка.
Во справувањето со оваа криза освен подадена рака, неопходна е поголема лична одговорност и почитување на здравствените препораки, односно носењето маска, држењето дистанца и редовното миење на рацете се штитиме себеси и останатите.
Скопје во својата долга историја никогаш не ги заборавал жртвите и своите граѓани. Денес, 57 години потоа, ние се сеќаваме на жртвите на земјотресот, а на нас останува да му ги оддадеме достојното внимание и почит на градот” – изјави премиерот Оливер Спасовски.