ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м2): 62 Струмица, 54 Прилеп, 50 Скопје-Зајчев Рид, 48 Скопје-Петровец, 42 Претор, 41 Битола, 38 Д.Капија, 31 Куманово, 28 Штип, Виница, 27 Гевгелија, 25 Крушево, 23 Берово, 17 Тетово, 16 К.Паланка, 13 Охрид, 10 Дебар, 7 Дојран.

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме со силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.

 

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со повремен дожд, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T= 24 °C, P= 979 Pa, U= 80 %, V= 3 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

Променливото време ќе се задржи до недела. Синоптичарите најавуваат пороен дожд, и грмежи и локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.