Средба на министерот Нухиу со амбасадорот на Република Косово, Дедај

Сподели

 

Денеска министерот за внатрешни работи  на  Република Северна  Македонија д-р Агим Нухиу одржа работна средба со  Н.Е Ѓерѓ Дедај, Амбасадор на Република Косово  во Република Северна Македонија.

 

 

Од страна на двајцата соговорници  беше  изразено задоволство од досегашната соработка меѓу министерствата за внатрешни работи,  но и меѓу двете соседни пријателски земји.

Министерот Нухиу ја искористи денешнава средба и во поглед на актуелната пандемија со ковид 19  побара од Амбасадорот Дедај да посредува со  властите во Косово да се разгледа можноста државјаните на Република Северна Македонија при транзит низ Косово да не приложуваат ПЦР тест, на што  од  страна на Амбасадорот Дедај  беше  кажано дека барањето ќе биде пренесено од негова страна и ќе биде известен министерот Нухиу за одлуката.   

На крајот од средбата двајцата соговорници разговараа и  за  неодамна одржаните  вонредните парламентарни избори во нашата држава, активностите кои се преземаат по нивното  завршување, како и активностите  кои Министерството за внатрешни работи во рамки на своите надлежности ги презема во справување со глобалната пандемија „Ковид – 19“.