На состанокот на Централниот одбор на СДСМ, претседателот на партијата Зоран Заев пред присутните ги презентира принципите на идната влада и најави избор на професионални и отчетни кадри кои ќе испорачаат резултати кон граѓаните.
“Пред Централниот одбор ги презентирам принципите и вредностите на идната владина коалиција.
Носиме одлука за избор на одговорни, отчетни, професионални и посветени кадри кои ќе ја имаат задачата да ги предводат институциите и да испорачаат резултати кон граѓаните.
Во новиот, полн мандат ќе покажеме дека може да работиме и повеќе и подобро во остварување на програмата која води напред, на вистинскиот, на европскиот пат, патот на економијата и правдата” – напиша Заев на својот фб профил.