Град Скопје денеска на трибина за иднината на Универзална сала

Сподели

 

 

Градот Скопје денеска во паркот на МКЦ ќе организира затворена трибина во врска со идните планови за Универзалната сала.

На трибината ќе учествуваат претставници на државни и културни институции, здруженија на граѓани од областа на културата, спортот, архитектурата и други, како и организатори на фестивали и културни манифестации што се организирале во Универзалната сала.