Пендаровски: Очекувам проевропска, демократска влада со чисти антикорупциски записи

Сподели

 

Претседателот на државата Стево Пендаровски преку Фејсбук порача дека очекува новиот владин состав да има чисто антикорупциско досие.

“Регионот има потреба од европска перспектива и соработка за клучните прашања за неговата стабилност и безбедност.
Во време на лажни вести, хибридни кампањи, добра вест е што станавме членка на #НАТО, со здружени капацитети да можеме да се справуваме со дезинформациите.

Новата Влада на Република Северна Македонија треба целосно да ја спроведе #ЕУ агендата во клучните области. Основниот предуслов за успех е да се соберат највештите личности, без оглед на нивната политичка или етничка припадност.
Очекувам да видам луѓе со силни проевропски и демократски капацитети, со чисти антикорупциски записи.

Дебата за „Геополитичките проблеми на Западен Балкан среде Корона криза; Евроатлантска перспектива“ со Алумни асоцијацијата на Маршал Центарот за безбедност” – напиша претседателот Пендаровски на официјалниот фб профил.