Филипче: Граѓаните заслужуваат квалитетно јавно здравство достапно за сите

Сподели

 

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот официјален фб профил изјави дека како министер за здравсво во новата влада ќе се залага за потребите на граѓаните и вреднувањето на здравствените работници.

 

 

“Министерството за здравство останува отворено за сите, а јас и натаму останувам посветен на здравствени политики во интерес и за доброто на сите граѓани. Како институција, продолжуваме да ги слушаме потребите на граѓаните и заеднички со пациентите, невладините организации и здравствените работници да создаваме здравствен систем каде пациентите сѐ на прво место. Наша цел се задоволни пациенти, вреднувани и мотивирани здравствени работници. Продолжувам неуморно и посветено да работам на ова, граѓаните го заслужуваат најдоброто, граѓаните заслужуваат квалитетно јавно здравство достапно за сите!” –  изјави министерот за здравство, Венко Филипче.