Премиерот Зоран Заев на средбата со претставниците на четирите стопански комори во земјава, најави дека Влада целосно ќе биде посветена на економијата, јакнење на компаниите, извозот и оти ќе води стабилна даночна политика.
-Испраќаме порака за доминантен фокус на Владата на економијата, економскиот стандард на нашиот народ, севкупен економски раст и развој затоа што нивото на кое сме дојдени навистина е „напеналено“, а пред нас е неповторлив период кој мораме да го искористиме. Испративме порака за предвидливост во периодот кој претстои, ќе има е стабилен период без предвремени избори, четиригодишен, многу значаен за домашната економија која ќе може да прави планови за свој динамичен раст и развој и да ја има предвид превдидливоста за кои било идни инвестициски или кои било активности на бизнис секторот, изјави по средбата Заев.