Зелената партија ДОМ на сите македонски граѓани им го честита државниот празник 8 Септември – Денот на независноста! Денес, 29 години по нашето осамостојување, за прв пат, овој светол празник го прославуваме како полноправна членка на НАТО и добиена одлука за почеток на преговори со Европската унија.
Започнувањето преговори со ЕУ е поттик за понатамошен развој на европските вредности за демократија, владеење на правото, почитување на човековите права, социјална правда, солидарност, одржлив развој и чиста и здрава животна средина.
Европеизацијата на македонското оштество и справувањето со здравствените и социо-економските последици од корона кризата, нека бидат мотив за заедништво и обединетост, за успешно справување со сите предизвици.
Нека ни е честит и вековит Денот на независноста!