ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ ЗА ЕДЕН ВЕК – 100 години Славко Јаневски

Сподели

 

Утре, 18.септеври во КИНОТЕКА со почеток од 20. часот  ќе се одржи поетско-музичко препрочитување на „Црни и жолти“ по повод 100 години од раѓањето на Славко Јаневски со ВИС “Тркалезна маса”.

За почеток ќе биде прикажан филмот „Сонце зад решетки“ (1957), чиј потписник како автор на сценариото и режисер е Славко Јаневски.

Настапуваат:

Ана Голејшка Џикова – вокал
Ѓоко Здравески – вокал
Владимир Лукаш – гитара, мелодика
Васко Марковски – мандолина, мандола
Деан Шкартов – хармоника, сајзер
Душан Кировски – гитара
Перо Сарџоски – кавал, џембе
Владимир Мартиновски – тамбури, удиралки
Ѓорѓе Јовановиќ – усна харфа, ефекти
Круме Стефановски – кахон
Тома Димовски – деф

„ВИС Тркалезна маса“ е група настаната во рамките на четириесетмесечниот поетски маратон „Астални проекции“. Составот обединува писатели, музичари и уметници со различни уметнички искуства, сплотени околу меракот за импровизирана музика, настаната во спонтан дијалог со книжевноста и со омажи на значајни уметници и писатели (Дејвид Боуви, француски надреалисти, Блаже Конески, Лилјана Дирјан). Покрај многубројните концерти во рамки на „Астални“, ВИС Тркалезана маса настапувал на неколку манифестации: Денови на европската култура, Радио Слободно Скопје, АртАреа, Скопско лето, Денови на македонската музика, Велешко културно лето.

Настанот е во организација на ВИС „Тркалезна маса“, Фондацијата „Славко Јаневски“ и Кинотека на Македонија..

Во согласност со протоколите за спречување на ширењето на вирусот Covid-19, настанот ќе биде со ограничен број гледачи, вкупно 91 место за седење. Влез слободен.