Министерот за финансии, Кирил Миноски, денеска ја образложи завршната сметка на буџетот за 2015 година, пред членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Вкупните приходи на буџетот биле 161 милијарда денари, расходите 180 милијарди денари, а дефицитот изнесувал 19 милијарди денари.
Со завршната сметка за 2015 година, државниот долг изнесувал 38 проценти од домашниот бруто-производ (БДП). Во првите четири месеци од 2016 година, пак, долгот се зголеми на 47,2 отсто од БДП.
Министерот истакнал дека фискалните политики предвидени за 2015 година биле остварени.
Завршната сметка на буџетот треба да биде разгледана и на пленарна седница на Собранието на Република Македонија.
meta.mk