МВР санкционирани 310 возачи во Скопје – 106 за пречекорена брзина

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 310 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 106 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 17, 12 санкционирани мотоциклисти, 81 меркa за непрописно паркирање, а изречени се 37 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.