КЗБ со предлог за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без PCR тест

Сподели

 

Комисијата за заразни болести, утрово донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без PCR тестирање – соопшти Министерството за здравство по утринскиот состанок на комисијата.

Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите.

Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата на Република Северна Македонија.