Одбележувајќи го 7.октомври Светскиот ден за пристојна работа, Сојузот на синдикатите на Македонија истакнува дека последиците од пандемијата со Ковид- 19 недвосмислено покажаа дека работниците и граѓаните треба и мора да се центарот на интерес и грижа на сите владини политики.
ССМ сите свои капацитети ги насочува во правец на преземање на активности и мерки за обезбедување на пристојна работа за сите, а тоа значи работа која вклучува: заштитата на здравјето и животот на луѓето, реални и одржливи работни места, заработувачка која ќе гарантира егзистенцијална стабилност, социјална сигурност, родова еднаквост, почитување на човековите права без дискриминација и здрава животна средина.
“Нов социјален договор за закрепнување и издржливост“ е централна тема за сите синдикати избрана од ITUC и ETUC, која ССМ како рамноправен член на светското синдикално движење, во наредниот период ,ќе ја промовира и спроведува преку сите свои активности”, – порачува Сојузот на синдикатите на Македонија.