Јавниот превоз во понеделник ќе сообраќа по неделен, зимен возен ред

Сподели

 

ЈСП информира дека во понеделник поради државниот празник 11. октомври – Ден на народното востание, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен, зимен возен ред.

Дежурни ќе бидат три билетарници, билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче кои ќе работат од 7 до 19.30 часот, а отворена од 7 до 13 часот ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.