ЈСП известува дека утрре поради државниот празник 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Истиот режим ќе важи и во сабота и во недела.
Утре и во недела дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 7 до 19.30 часот отворени ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и на Зелено пазарче, а билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 7 до 13 часот, соопштуваат од ЈСП.