Поранешниот градоначалник на Лондон и предводник на кампањата за излез на Велика Британија од ЕУ, Борис Џонсон, денеска соопшти дека нема да се кандидира за нов лидер на британската Конзервативната партија.
Џонсон, кој беше еден од фаворитите за наследник на Дејвид Камерон, по консултациите со пратеници, денеска соопшти дека, имајќи ја предвид ситуацијата во парламентот, не смета дека може да биде следниот лидер на конзервативците, кои се владејачка партија.
Премиерот Камерон, на 24 јуни, еден ден по реферндумот за Брексит, соопшти дека си заминува од лидерската позиција и оти партијата треба да го избере новиот лидер и премиер, кој ќе ги почне преговорите за напуштање на ЕУ.