„Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата за предметот со КОК бр. 101/19 во јавноста познат како „Специјална каса“ според која обвинетите Т.Ј. и С.М. ги огласи за виновни за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 ст.5 в.в со ст.1 од КЗ и ги осудува на казна затвор и тоа: Т.Ј. на казна затвор во траење од 6 години во која казна му се засметува времето поминато во притвор, С.М. го осудува на казна затвор во траење од 4 години“, соопшти Судот.
Станува збор за поранешениот шеф на кабинетот на екс директорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски за проневера од 825.000 евра, како и за поранешниот вработен во УБК, Стево Маџовски.
Обвинетата Кристина Јосифовска е ослободена од обвинението, затоа што „јавниот обвинител не докажал надвор од разумно сомневање дека обвинетата го сторила делото за кое се обвинува.“
Обвинетите подигале парични средства за потребите на касата за исплата на средства за посебни намени за УБК. Евиденцијата за потрошените парични средства се уништени заедно со документацијата за исплата.