Во рамки на Програмата за Парламентарна поддршка на Собранието на Република Северна Македонија финансиски поддржана од страна на Швајцарската Конфедерација, склучен е договор за јавна набавка на мрежна опрема – хардвер и софтвер.
Потребата за оваа набавка е со цел зголемување на квалитетот на работата на Собранието, особено во делот на можностите за неговата отвореност и транспарентност кон граѓаните. Благодарение на нашите пријатели и поддржувачи го трансформираме Собранието за сите наши граѓани да имаат отворена, одговорна и инвентивна законодавна власт. За подобро информирање во прилог ќе ги најдете линковите за проектот и самата набавка, се наведува во соопштението на Собранието.