Жителите на општината Кисела Вода што аплицираа за субвенции за набавка на клима инвертери, викендов ги предаваа своите стари печки на дрва или на нафта во дворот на средното училиште „Васил Антевски- Дрен“.
Во акцијата во Кисела Вода беа предадени 391 печка.
Изминатите викенди, вакви акции за предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување се организираа за општините Сарај, Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Карпош, Гази Баба, Центар и Аеродром.